Нашите партнери

Шпанија

Associació Programes Educatius Open Europe

Здружението на образовни услуги „“Open Europe е непрофитна организација со седиште во Реус (Каталонија, Шпанија) која има за цел да им помогне на млади и возрасни кои работат во области поврзани со нив да учествуваат во европските програми. Сите проекти и иницијативи на нашата организација имаат за цел да ги вклучат едукаторите, наставниците, професорите, студентите и целата заедница во спроведувањето на проекти и програми кои бараат процес на доживотно учење. Нашите програми се дизајнирани да ги развијат комуникациските, лидерските и професионалните вештини на учесниците.

Дополнително внимание посветуваме на зајакнување на капацитетите на невладините организации и на волонтерите кои работат на решавање на социјалните проблеми. Помагаме да ги вклучиме сите членови на заедницата во нашите проекти и активности, особено во областите на граѓанска одговорност, имиграција, технологија што им служи на луѓето.

Република Северна Македонија

Република Македонија Државен Универзитет Гоце Делчев Штип

Универзитетот Гоце Делчев во Штип е државен универзитет, рангиран на второто место на рангирањето на државните универзитети во земјава. Како нова и енергична високообразовна институција, која постојано ги следи интересите на младата популација, како и најновите економски, индустриски и технолошки трендови, создаваме исклучителни можности за високо образование. Нашата мисија е да создаваме и пренесуваме знаење за обезбедување на социјална и економска благосостојба и напредок на општеството, подготвувајќи ги студентите за професии во кои се применуваат научни откритија и стручни знаења, културна и јазична различност, унапредување на технолошкиот развој, развој на уметностите.

Универзитетот Гоце Делчев од Штип има имплементирано различни ИТ решенија кои помагаат образовниот процес да се одвива непречено и во тек со најновите трендови во образованието во светот. УГД има имплементирано Електронски центар за учење кој е одговорен за промоција и имплементација на современи алатки за учење на универзитетот, нови технологии (интерактивни табли, графички табли, мултимедијален софтвер и хардвер, аудио-визуелна опрема и сл.).

Република Северна Македонија

Општинско основно училиште Илинден

Општинско основно училиште „Илинден“ е едно од двете основни училишта во градот Крива Паланка.Основано е во 1996 година,а името го добива по Илинденското востание.Во училиштето учат околу 600 ученици,а наставата ја реализираат околу 60 наставници.

Училиштето нуди стимулативна и креативна средина за учење,преку примена на современи наставни методи, средства и образовни технологии.За учениците со посебни потреби училиштето располага со Сензорна соба во која на овие ученици им е олеснет престојот и учењето.За овие ученици има и образовни асистени кои заеднички со наставниците им помагаат максимално да ги реализираат своите потенцијали.

Учениците редовно учествуваат на разни конкурси, манифестации и натпревари, каде добиваат бројни награди. Во училиштето се реализираат активности од повеќе проекти со цел професионален развој на наставниците, меѓуетничка интеграција, безбедност во училиштето, развивање на критичко мислење кај учениците, инклузија на ученици со попреченост, намалување на нееднаквоста во училиштето поврзана со сиромаштијата во  семејствата.

Кипар

Kypriaki Mathimatiki Etaireia

Кипарското математичко друштво (CY.M.S.) е непрофитна организација основана во Кипар од 1983 година. Нејзините цели се промовирање на математичкото образование и наука. Член е на Европското математичко друштво (EMS) и основач на Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE).

CY.M.S. има објавено неколку книги за наставници, студенти и научното списание „Медитерански весник за истражување во математичкото образование“.

CY.M.S. учествува во многу проекти финансирани од Европски фондови како координатор или како партнер.

Романија

СкоалаГимназијалаЈонАгарбицеануАлбаЈулија

Ние сме средно училиште во Алба Јулија, се наоѓаме во средината на Романија, Во училиштето учат  околу 700 ученици, на возраст од 6 до 15 години. Тоа е државно училиште со околу 40 наставници. Училиштето има 28 училници опремени со видео проектори и лаптопи.

Нашето училиште има учествувано во проекти на Комениус и Еразмус, а учениците се подготвени да испробат нови методи на учење. Проектите се засноваа на здрав живот, Comenius 2012-2014, Тешкотиите кај учениците со потешкотии во учењето и ориентација кон кариера, Erasmus-Schools of Success. Наставниците вклучени во овие проекти ги имаат потребните квалификации и се желни да најдат нови методи за поучување на учениците во процесот на учење.

Хрватска

Osnovna skola Vodice

Основното училиште „Водице“ е  лоцирано во Водице, Хрватска, на Јадранскиот брег.

Во нашето училиште има околу 730 ученици и 60 наставници.

Нашата цел е да им обезбедиме на нашите ученици добро и квалитетно  образование, како и да им дадеме можности да се развиваат преку спорт, музика, уметност и СТЕМ. Преку проектни активности имаме за цел да го вклучиме нашиот персонал, наставниците и учениците во процесот на доживотно учење, како и да ги подобриме комуникациските и дигиталните вештини, да станеме свесни за важноста на екологијата и да ги прифатиме и да ги разбереме културните и социјалните разлики.

Шпанија

Institut Julio Antonio

Хулио Антонио е јавно средно училиште лоцирано во општината Мора д’Ебре, на северо-источниот дел на Шпанија, во автономната заедница на Каталонија, веднаш до реката Ебре. Училиштето има околу 70 вработени (57 се наставници) и опслужува околу 510 ученици. Повеќето од учениците доаѓаат од малите села во близина.

Обезбедуваме различни видови образование: средно задолжително образование (од 11 до 16 години), предуниверзитетски курсеви (од 16 до 18 години), стручна обука и високо образование (од 16 до 18 години).

Нашето училиште е сместено во рурална средина, каде земјоделството и сточарството се главни извори на приходи, а миграцијата село-град постепено расте.

Skip to content